
Повеќе информации за овој проект
Станбен објект: Кеј 13ти Ноември
Локација: ул. Кеј 13ти Ноември б.б.
Рок на изведба: 2026г.
Број на станови: 19 станови, 2 деловни простории
Објектот е лоциран во срцето на градот покрај реката Вардар. Непосредната близина до кејот и реката го прави идеален избор за Вашиот иден дом. Сместен помеѓу градскиот плоштад и железничката станица, две култни точки на центарот на градот. Зградата располага со 19 стана и 2 деловни простории. Становите со избор од една, две или три спални соби се ориентирани со поглед кон Вардар или Водно. Потребите за паркирање се решени во рамки на дворот и две подземни нивоа.
