+3892 3099373

За нас

ЛИНЕА д.о.о.е.л

ЛИНЕА“ д.о.о.е.л. е формирана 1999 година во Скопје. Увидувајќи го недостатокот и потребата за квалитетни станови во градот, фирмата се сосредоточува на проектирање и изведба на станбени и деловни објекти коишто ќе ги задоволат и најспецифичните вкусови. Со текот на времето, спектарот на можности и дејности на фирмата, доста се проширирува. Проектирање, ревизија, надзор, консултантски услуги, реновирање на постојни објекти, проектирање и изведба на ентериерни решенија, се само дел од услугите коишто “ЛИНЕА“ ги нуди. Фирмата ги поседува сите потребни Лиценци за извршување на дејноста.

 

Нашите згради, денес, се симбол за квалитет и долготрајност, а во исто време претставуваат топол дом за стотина задоволни клиенти и нивните семејства, традиција која што се стремиме да ја продолжиме и понатаму.