+3892 3099373

Проблемот

Кондензацијата и штетата која истата ја нанесува на ѕидовите, мебелот, сликите, е директен резултат на животот во модерни услови, кој е воден од желбата за топли и комфорни простории, како и потребата за зачувување на енергијата и нејзина економска потрошувачка.
Во многу станбени единици, ѕидовите и плафоните се добро изолирани, вратите и прозорите квалитетно вградени, а оџаци или не постојат или се веќе затворени. Сето тоа резултира со потопли простории но и многу ограничена вентилација, така што водената пареа која се произведува од вообичаените секојдневни животни активности нема можност да излезе од просторијата и со тоа доаѓа до појава на кондензација.

Што е кондензација ?

Воздухот кој не окружува секогаш содржи одредена количина на водена пареа која е невидлива, на ист начин како што пареата од чајникот ја снемува кога ќе ја апсорбира атмосферата. Што е потопол воздухот, толку повеќе влага може да содржи. Но во одреден момент стигаме до точка кога на одредена температура истиот не може да прими повеќе влага и тогаш го нарекуваме заситен. Кога тој воздух, заситен со водена пареа, дојде во контакт со ладна површина, истиот се лади и ја отфрла вишокот на вода која ја содржи во себе во вид на фина магла на ладната површина, па дури и во вид на ситни капки вода. На пример, кога дувате во правец на огледало и тогаш се јавува кондензација , затоа што издишениот воздух е заситен со водена пареа и потопол од површината на огледалото, кое е на собна температура.
Во загреана, добро изолирана просторија, внатрешната површина на стаклото ќе биде потопла и самото тоа ќе го намали ризикот од кодензација. Но треба да се има во предвид дека дури и двојните или тројните стакла, се само добри изолатори, не и извори на топлина. Поради тоа, дури и во таква ситуација, стаклата ќе бидат најладните делови од просторијата. Во случаи кога просторот е неадекватно загреан и содржи поголемо количество на водена пареа, кондензацијата ќе се појави на мостот помеѓу топлиот и ладниот воздух, а тоа е стаклото од прозорите.

Како да се намали кондензацијата ?

1. Обезбедете адекватна вентилација
Проветрувајте ги собите барем 10 минути секој ден, како би овозможиле размена на воздухот.
2. Ограничете го производството на влага
Користете механички отстранувачи на влага. Не дозволувајте непотребно истекување на топла вода при туширање. Држете ги вратите од купатилата затворени, а вентилирајте ги истите барем 15 минути после туширање.
3. Позиционирајте ги радијаторите и другите грејни тела под прозорите
Обезбедете континуиран проток на топол воздух преку стаклата од прозорите. Оставете одреден извор на топлина перманентно под прозорите за време на ладните денови.
4. Греење и вентилација
Отворете ги прозорите кога се суви и сончеви деновите и оддржувајте повисока температура него вообичаената.

Објавено на:12/19/2016

Внатрешна кондензација

Најнови статии